Monday, May 18, 2009

Македонската репрезентација доби нов селектор

Мирсад Јонуз е наследникот на Катанец, досегашниот селектор на младата репрезентација ќе биде предводник на првиот тим.
Како што и многумина предвидуваа, Харалампие го одбра Јонуз.
Мирсад Јонуз до крајот на овој квалификационен циклус ќе ја води репрезентацијата на Македонија.
Јонуз ќе зима од 5 илјади евра што е двојно помалку од Сречко Катанец, но станува најплатен домашен селектор.
Да потсетиме, покрај Јонуз во трката за селектор беа и Чеде Јаневски (кој според нашата анкета имаше најмногу гласови), Зија Доган, Вујадин Станојковиќ и Олег Блохин